Со работата на Комората управуваат нејзините членови преку претставници од својата територијална единица во органите  на Комората.
Претставниците на членството во органите на Комората работат според насоките на членовите што ги избрале и пред нив се одговорни за својата работа.

Органи на комората се:

Собранието на Комората

Собранието е највисок орган на Комората.

Собранието го сочинуваат избрани претставници од нејзините членови и има 54 претставници.

Собранието на Комората:

  • Донесува годишна програма за работа и финансиски план и извештаи за нивно спроведување;
  • Донесува Статут и врши измени и дополнувања на Статутот;
  • Одлучува за висината на членарината;
  • Именува и отповикува претседател на Комората, претседател на Собранието на Комората, членови на Извршниот одбор, членови на Надзорниот одбор, членови на Судот на честа и обвинител;
  • Го разгледува  извештајот за завршната сметка од претходната година;
  • Донесува општи акти во согласност со Законот и Статуот;
  • Донесува заклучоци, утврдува ставови и дава мислења за прашања значајни за работата на Комората;
  • Одлучува за поврзување и соработка на Комората со други сродни организации во земјата и странство;
  • Одлучува за предвремено распуштање на Собранието,
  • Врши и други работи утврдени со закон или со акти на Комората.

Претседател на Собранието

Претседателот на Собранието е негов член и се залага за:

  • Афирмација на фармацевтската професија;
  • Развој и модернизација на работењето на Комората;
  • Непристрасно и рамноправно претставување на интересите на одделните сегменти на фармацевтската дејност;

Извршен одбор

Извршниот одбор има 11 члена. Територијалните единици од 1 до 7 имаат по еден член – претставник, додека територијалната единица 8 има 3 члена – претставници во Извршниот одбор.

Претседателот на Комората , по функција е член на Извршниот одбор и негов претседател.
Членовите на Извршниот одбор се избираат од Собранието на Комората на предлог на територијалните единици.

Извршниот одбор ги извршува следните задачи:

  •  му предлага на Собранието донесување на програма за работа и финансиски план;
  •  разгледува и донесува предлози на материјалите за седниците на Собранието;
  •  ја спроведува програмата за работа и финансискиот план и другите одлуки на Собранието и за тоа го известува Собранието;
  •  разгледува предлози на членовите за дејствување на Комората
  •  извршување на актите што ги донесува Собранието;
  •  утврдување на предлозите на актите што ги донесува Собранието;
  • покренува иницијатива за донесување и измени на соодветни закони и други прописи;
  •  разгледува и зазема ставови за развојот на дејноста на Комората кои влијаат врз унапредувањето на работењето;
  • обезбедува јавност од работењето на Комората;
  •  ги донесува и усвојува сите општи акти кои не се во надлежност на Собранието;
  •  поднесува извештај на Собранието за својата работа ;
  • формира постојани или привремени работни тела за извршување на определени задачи;
  •  управува со средствата со кои располага Комората;
  • усвојува завршна сметка за претходната година;
  •  врши надзор над работата на стручната служба и решава за засновање и престанување на работниот однос на работниците во стручната служба;
  • распишува конкурс и избира секретар на Комората;
  • решава по приговори и жалби на решенија од работниот однос;
  • му предлага на Собранието зачленување во соодветни сродни организации и асоцијации во земјата и странство;
  •  во согласност со закон ги класифицира документите и податоците што претставуваат тајна и чие соопштување би било спротивно на интересите на Комората;
  • врши и други работи утврдени со овој Статут или со други акти на Комората.

За својата работа Извршниот одбор е одговорен пред Собранието на Комората.

Претседател на Комората

Претседателот на Комората се грижи за остварување на функциите на Комората.

Претседателот на Комората:

  •  раководи со работата на Комората;
  • донесува одлуки, решенија и други акти во врска со раководењето на работењето на Комората, а кои не спаѓаат во надлежност на другите органи;
  • ги потпишува актите донесени на седниците на Извршниот одбор;
  • презема активности спроведување на актите што ги донесува Собранието, Извршниот одбор, комисиите и другите органи на Комората;
  • ги потпишува документите од материјално финансиско работење на Комората;
  • ги потпишува спогодбите што ги склучува Комората;
  • врши и други работи утврдени со закон, Статутот и со други акти на Комората.

Суд на честа и обвинител

Судот на честа одлучува за повреда на етичките и професионалните норми, повреда на одредбите на овој Статут и другите акти на Комората, неизвршување на обврските на членовите на Комората и сл.
Судот на честа при вршењето на својата функција е независен и суди врз основа на Уставот, Законот, Статутот и другите општи акти на Комората.
Обвинителот постапува по пријави за поведување постапка за повреда на одредби од кодексот на етички должности и права на фармацевтите.

Надзорен одбор

Надзорниот одбор врши надзор над:

  • законитоста и правилноста на работењето на Комората;
  • користењето на средствата на Комората и целокупното материјално и финансиско работење на Комората;
  • извршување на обврските на членовите на Комората ;
  • финансиското работење;
  • сметководствените документи;
  • користењето на средствата за работа на стручната служба на Комората;
  • други работи определени со овој Статут и акти на Комората.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување