Цели и задачи на Комората се:

  • застапување и заштитување на интересите на своите членови;
  • рамноправно учествување заедно со државните органи, универзитетите и другите институции во активностите за обезбедување на соодветна положба и улога на фармацевтите во општеството;
  • учествување во подготвувањето на законите и други прописи од областа на здравството на Република Македонија и во утврдувањето стручни ставови за вршење на фармацевтската дејност;
  • заштита на интересите на професијата;
  • следење на работата на дипломираните фармацевти во поглед на почитување на начелата на фармацевтската етика, применување на стандарди и потребен квалитет во работата;
  • грижа за одбрана на честа и независноста на фармацевтската професија;
  • поттикнување на соработка меѓу своите членови и соработка со други сродни домашни и странски физички и правни лица;
  • остварување и на други активности во согласност со законите, со овој Статут и други прописи.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување