Стручното усовршување на здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата претставува континуиран процес на стекнување на нови знаења и практични вештини во текот на седумгодишниот период на важењето на Лиценцата за работа. Цел на стручното усовршување е постојано унапредување на веќе стекнатото знаење заради обликување на современ модел на фармацевт и обезбедување единство во фармацевтската пракса.

Стручното усовршување и континуираната едукација се темелат на повеќе начела:

  • вклучување на сите фармацевти во континуираното уцење; достапност на научно заснованите домашни и странски достигнувања во областа на фармацевтската здравствена дејност;
  • подеднаков пристап кон облиците на стручно усовршување за сите фармацевти; слободен избор на облиците на стручно усовршување во зависност од потребата и интересот на фармацевтот;
  • неопходност од учење на нови методи и нивно воведување во фармацевтската пракса.

Облиците на стручно усовршување се форми преку кои фармацевтите постојано го унапредуваат своето знаење и тоа: конгреси, состаноци на стручни здруженија, семинари симпозиуми, стручни предавања на јавни трибини, стручни работилници, курсеви студиски престои научни и стручни звања, објавување на научни и стручни трудови. Облиците на стручно усовршување и правилата за нивно бодување зависат од тоа каде се одржуваат – во земјата или во странство, какво е учеството во обликот на стручното усовршување – активно или пасивно, видот и содржината – дали подлежат на акредитација од страна на Комората или не.

Стручното усовршување го организираат и спроведуваат наставни и научни институции, стручни здруженија, државни органи, правни лица во областа на производството и прометот со лекови.

Правилник за облиците на стручно усовршување

Измена на правилникот за стручно усовршување

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување