Денеска во Лекарската комора на Македонија се потпиша Декларација

Денеска во Лекарската комора на Македонија се потпиша Декларација – стоп за насилството врз докторите на медицина, стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и другите здравствени работници….

Декларацијата ја потпишаа претседателите на Лекарската комора на Македонија, доц. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателот на Стоматолошката комора, проф. д-р Владимир Поповски, претставникот на Фармацевтската комора м-р Ерол Али, министерот за здравство д-р Арбен Таравари и претседателката на Здржението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република макеоднија, Велка Лукиќ.
На потпишувањето на декларацијата присуствуваше и државниот секретар во Миистерството за здравство д-р Владимир Милошев и Заменикот на претседателот на комората, д-р Иљбер Бесими.

Потписниците на оваа Декларација се обврзаа секој во рамки на своите ингеренции да работи на заштита од насилство кон здравствената фела, а особено на единствено безбедна средина во која се даваат здравствени услуги, гарантира сигурна, стручна и квалитетна здравствена заштита за пациентите, правото за безбедна работа средина, заложбите за сериозноста на ова начело од страна на управителите на сите ЈЗУ и усшешно справување со помош на полицијата и правниот систем.
Исто така, едно од начелата е плановите за спречување насилство врз докторите на медицина и стоматологија, фармацевтите, медицинските сестри, техничари, акушерки и дугите здравствени работници мора да се изработуваат како на национално ниво , така на ниво на здравствени установи, додека инцидентите на насилство мора да бидат документирани преку систем кој ќе биде обезбеден од страна на Владата и здравствени установи.

Заложбата е за јасна и транспарентна работа која нема никаква толеранција за насилство насочено против лицата кои даваат здравствени услуги мора да се воведе на сите нивоа во секторот на здравствена заштита и истата јавно да се подржува.

Ваква Декларација за стоп насилството во здравството во средината на септември потпишаа и коморите членки на ЗЕВА, асоцијација во која се обединети 17 коморите од земјите на Централна и Источна Европа.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување