ФАРМАЦЕВТСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 25 ГОДИНИ ПОСТОЕЊЕ!

На 25 мај годинава, Фармацевтската комора на Македонија одбележува значаен јубилеј- 25 години постоење.

Четвртина век раст, развој и созревање на асоцијацијата која денес брои 2 500 членови. Асоцијација која се втемели како респектабилен фактор во општеството. Самостојна, професионална организација на фармацевтите, на која и успеа да се наметне како вистински партнер во креирањето на здравствените политики , подигнувајќи го угледот на еснафот и водејќи сметка за интересите на државата.

Фармацевтската комора на Македонија и во годините што претстојат, ќе опстои на курсот на принципиелноста, одговорноста, кооперативноста и отвореноста за соработка.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување