Известување

Почитувани,

Ве известуваме дека сите акредитирани облици на стручно усовршување од страна на Фармацевтската комора ќе бидат објавувани на Web страната на Комората во делот Континуирана едукација – Стручно усовршување со инфо за бодови и датуми за одржување кои ќе ни бидат дадени од организаторот.

Исто  така ве известуваме дека бодови за релиценцирање може да обезбедувате и преку ваши поединечни едукации надвор од акредитираните од Комората, како што се пријави на несакани дејства на лековите, учества на странски конгреси или онлајн едукациите на странски платформи поврзани со фармацевтската дејност. За истите  потребно е да обезбедите доказ за учество и програма. Шест месеци пред истекот на Лиценцата за работа сите одеднаш ги доставувате до Комората со поединечно барање за акредитација.

Образецот на барањето може да го најдете на следниот линк на нашата web страна во делот  Континуирана едукација- Акредитациja – Поединечно барање за акредитација

Со почит

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување