ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРАВНИ ЛИЦА (ОРТОПЕДСКИ КУЌИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ – АПТЕКИ)

Ј А В Е Н П О В И К
ЗА ПРАВНИ ЛИЦА (ОРТОПЕДСКИ КУЌИ И ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ – АПТЕКИ) ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ОРТОПЕДСКИ И ДРУГИ ПОМАГАЛА

Со цел обезбедување на поголема достапност на ортопедски и други помагала од Списокот на ортопедски и други помагала за осигурениците, Фондот објавува ПОВИК за склучување на договор до сите ортопедски куќи регистрирани за промет и производство на ортопедски и други помагала и здравствени установи – аптеки кои се вклучени во мрежата според Уредбата за мрежа на здравствени установи.

Согласно член 130 од Законот за лековите и медицинските помагала како и член 9 став 1 под б) точка 3 и член 70 од Законот за здравствено осигурување, а во врска со член 11 од Правилникот индикациите за остварување на право на ортопедски и други помагала („Службен весник на Република Македонија“ број 33/2011, 66/2011 99/2011, 5/2012, 84/2012, 159/2012, 151/2013, 10/2014, 113/2014, 189/2014, 46/2015, 211/2015 и 158/2016) од 07.09.2016 година Фондот ќе започне постапка на склучување договори за издавање на ортопедски и други помагала.

РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА

Пријавата за склучување на договор придружена со потребна документација во писмена форма, се доставува во периодот од 07.09.2016 година до 21.09.2016 година до централната служба на Фондот со седиште на ул.„Македонија“бр.5 Скопје.

ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ОРТОПЕДСКИ И ДРУГИ ПОМАГАЛА

ЗА ПРАВНОТО ЛИЦЕ – ОРТОПЕДСКА КУЌА / ЗДРАВСТВЕНАТА УСТАНОВА-АПТЕКА

1. Решение за вршење на дејност како специјализирана продавница која врши промет на мало со медицински помагала (со сите промени), издадена од Министерството за здравство, Агенција за лекови ( за правно лице ортопедска куќа)
2. Решение за дозвола за работа во мрежата на здравствени установи издадена од Министерството за здравство, Агенцијата за лекови, со Листа на здравствени услуги за снабдување, складирање, чување и продажба на медицински помагала на поединечни корисници (за здравствена установа-аптека)
3. Решение за пуштање во промет на ортопедско помагало издадено од Агенцијата за лекови;
4. Склучен договор за деловна соработка, меѓу вршителот на промет на мало со медицински (ортопедски) помагала и правно лице регистрирано за промет со медицински помагала(ортопедски) или производител кој е носител на решението за пуштање во промет на помагалото;
5. Тековна состојба на правното лице од Централен регистар, не постара од 30 дена;
6. Понуда на ортопедски помагала – Спецификација ( табела) пополнета на теркот истакнат на веб страната на Фондот која правното лице ја пополнува и доставува во пишана и електоронска форма на CD. Во прилог на пополнетата спецификација е и фотокопија од Решение за пуштање во промет од Агенцијата за лекови, за секое помагало за кое е потребно решение според Законот за лековите и медицинските помагала и слика во боја од секое помагало во спецификацијата
7. Изјава заверена на нотар за веродостојноста на понудените помагала во спецификацијата

ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРАВНОТО ЛИЦЕ/ЗДРАВСТВЕНАТА УСТАНОВА-АПТЕКА

1. Список на сите вработени со датум на започнување на работен однос во правното лице, односно аптеката заверено со печат и потпис;
2. Копија од уверение за положен стручен испит за фармацевтски техничар (за аптека);
3. Копија од важечка лиценца за работа од Фармацевтска комора за фармацевт (за аптека);

Напомена: Јавниот повик се однесува само за правни лица (ортопедски куќи и здравствени установи- аптеки) кои немаат активен договор за обезбедување на ортопедски и други помагала со Фондот.

Остави коментар

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување