СООПШТЕНИЕ

Согласно заклучоците, мерките и препораките на Владата и Министерството за здравство во однос на појавата и ширењето на новиот Корона вирус, со цел на нивно целосно почитување и преземање на превентивни и заштитни мерки во работењето, Фармацевтска комора ги известува граѓаните и своите членови дека за сите потребни информации во врска со лиценците, поднесување на пријави и барања, подигање на документи, полагање на стручен испит сме достапни на телефоните 02/ 3217-614 и 02/3217-637 и на електронската адреса info@fk.mk

Доаѓањето во просториите на Комората се одложува до донесување на нови мерки и препораки.

Кандидатите кои го пријавија полагањето на стручен испит во сесијата март 2020 ќе бидат дополнително известени преку нивните е-маил адреси за точниот датум за полагањето кое сега за сега поради настанатата состојба е времено одложено.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување