Видео од СЗО за хероите фармацевти

Светскиот ден на здравјето – 7-ми април

„Извор на секојдневниот живот, а не цел за живеење. Здравјето е позитивен концепт кој ги потенцира социјалните и лични ресурси, како и физичките капацитети“ СЗО, 1986

Здравјето е услов да се прилагодиме на животните услови, да живееме квалитетно, да ги постигнеме целите на нашето постоење.

Во време на глобални непогоди, како во оваа актуелна пандемија на вирусот COVID -19, здравјето на светското население е во серозна опасност. Здравствените работници се војската која се бори за секој човечки живот, а фармацевтите како најдостапни здравствени работници се на првата фронтовска линија. Грижејќи се за пациентите преку нивно директно снабдување со лекови и заштитни средства, давајќи совети и обезбедувајќи основна здравствена грижа го намалуваат товарот на другите здравствени работници.

Фармацевти, бидете здрави и живи и чувајте го своето здравје затоа што на светот сте му неизмерно потребни!

Фармацевтската комора им го честита 7-ми април – Светскиот ден на здравјето на сите свои членови!

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување