ИНФОРМАЦИЈА ЗА ВАКЦИНИРАЊЕ НА ФАРМАЦЕВТИ

Почитувани,

Ве известуваме дека вакцинирањето на фармацевтите против Ковид – 19 ќе започне на 24.3.2021 година.

Во првата група ќе бидат вакцинирани фармацевтите од 50 годишна возраст па нагоре без оглед на работното место.

Вакцинирањето ќе се врши со Спутник 5.

Фармацевтската комора треба да достави до “Мој Термин“ список на фармацевти кои сакаат да се вакцинираат најдоцна до четврток – 18.3.2021 година за да се креираат термини за вакцинирање.

Конкретни датуми за вакцинирање ќе добиете повратно од “МОЈ Термин“.

Затоа, Ве молиме, сите фармацевти кои сакаат да се вакцинираат да ги достават до Комората следните податоци:

–          Име, татково име и презиме,
–          Матичен број,
–          Електронска адреса,
–          Контакт – телефон.

Податоците доставете ги до Комората по е – пошта на info@fk.mk, најдоцна до четврток 18.3.2021 до 10.00 часот.

Фармацевтска комора на Македонија

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување