ИЗБОРИ ЗА ОРГАНИ НА КОМОРАТА 2022 – 2026

Со одлука на Претседателот на Собранието на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија донесена на ден 8.6.2022 година распишани се избори за членови на Собранието, Извршниот одбор, Надзорниот одбор, Судот на честа и Обвинител, како и за Претседател на Собранието на Комората и Претседател на комората за мандатен период 2022 – 2026 година.

Изборните активности ќе се спроведат во периодот од 8.6.2022 до 6.8.2022 година.

Членовите на Комората  избираат членови на органите на Комората врз основа на слободно, еднакво и непосредно избирачко право со тајно гласање за четиригодишен мандатен период.

Избирачкото право го опфаќа правото на членовите на Комората: да се кандидираат, да избираат, да бидат избрани,  како и да одлучуваат за мандатот на избраните членови.

Право да се кандидира, да избира и да биде избран има секој  фармацевт член на Комората, државјанин на Република Северна Македонија со место на живеалиште или престојувалиште на територијата на Републиката под услови утврдени во закон и статутот на Комората.

Фармацевт не може да биде избран за член на орган на Комората спротивно на неговата волја.

Членовите на Комората се кандидираат со пополнување на едно од подолу наведените кандидациони ливчиња. ( еден кандидат не може да се кандидира за член на повеќе органи на Комората)

Кандидирањето за член на Собранието и Извршниот одбор на Комората се врши според територијалната единица на која кандидатот има живеалиште.

Кандидирањето за  другите органи на Комората се врши без оглед на територијалната единица на која кандидатот има живеалиште.

Кандидатот за член на Извршниот одбор како прилог кон кандидационото ливче поднесува  доказ за работно искуство во фармацијата од најмалку 5 години.Не може да се кандидира за член на Извршниот одбор фармацевт кој два мандати едно по друго веќе бил член на Извршниот одбор на Комората.

Кандидатот за член на Надзорниот одбор како прилог кон кандидационото ливче поднесува  доказ за работно искуство во фармацијата од најмалку 5 години.

Кандидат за Претседател на Собранието на Комората во прилог на кандидационото ливче поднесува доказ за работно искуство во фармацијата од најмалку 10 години.

Кандидат за Претседател на Комората треба да е лице – фармацевт вработено во установа, а во прилог на кандидационото ливче поднесува програма за работа на Комората и доказ за работно искуство во фармацијата од најмалку 10 години.

Пополнетите кандидациони ливчиња треба да се вратат до Комората најдоцна до  16.6.2022 година.

Уредно пополнетото кандидационо ливче се доставува до Комората во скенирана форма на e-mail на Комората info@fk.mk , со непосредно предавање во архивата на Комората или со препорачана пошта на адреса на Комората ( 50 Дивизија бр. 34 Скопје) со назнака за Изборната комисија.

Кандидационо ливче за член на Собранието на комората
Кандидационо ливче за член на Извршниот одбор на комората
Кандидационо ливче за член на Надзорниот одбор на комората
Кандидационо ливче за член на Судот на честа на комората
Кандидационо ливче за Обвинител на комората
Кандидационо ливче за Претседател на собранието на комората
Кандидационо ливче за Претседател на комората

Фармацевтска комора на
Република Северна Македонија
Изборна Комисија – претседател,
Дипл. Фарм. Снежана Јосковска

 

 

 

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување