Фармацевтската комора на Македонија има надлежности утврдени со Законот за здравствената заштита на РСМ.  Комората ги врши работите кои се однесуваат на:

  • пробна работа и полагање на стручен испит на здравствени работници со високо образование од областа на фармацијата;
  • издавање, продолжување, обновување и одземање на лиценци за работа на здравствени работници со високо образование од областа на фармацијата;
  • признавање на пробна работа и стручен испит што здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата ги поминале и положиле во странство;
  • утврдување облици, критериуми и постапка за континуиран професионален развој;
  • водење регистар на издадени, продолжени, обновени и одземени лиценци за работа;
  • водење регистар на фармацевти – членови на Комората;
  • вршење надзор над стручната работа на здравствените установи и здравствените работници – фармацевти кои работат во нив;
  • заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права на здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата;
  • заштитата на интересите на фармацевтската професија;
  • други работи утврдени со закон.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување