Се одржа работен состанок со Министерот за здравство и претставници на Фармацевтската комора на Македонија

На 15. 06. 2017 се одржа работен состанок со Министерот за здравство Д-р. Арбен Таравари и претставници на Фармацевтската комора на Македонија предводени од Председателот на Собранието на фармацевтската комора на Македонија м-р. Имер Имери и Председателката на Фармацевтската комора на Македонија Проф. д-р Бистра Ангеловска.

На средбата се дискутираше за актуелните состојби во здравството, особено во фармацевтската дејност и се дадоа конкретни предлози за заедничка натамошна соработка во интерес на професионалниот развој на фармацевтите и подобрување на нивната општествена положба, со заедничка цел – обезбедување на подобри здравствени услуги на пациентите и подобрување на јавното здравје.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување