Edukimi në vazhdim

[vc_row][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1664528904755{padding-bottom: 10px !important;}”]

FAQJA ËSHTË NË NDËRTIM

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row disable_element=”yes”][vc_column][vc_column_text css=”.vc_custom_1600933572071{padding-bottom: 10px !important;}”]

Стручното усовршување на здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата претставува континуиран процес на стекнување на нови знаења и практични вештини во текот на седумгодишниот период на важењето на Лиценцата за работа.* Цел на стручното усовршување е постојано унапредување на веќе стекнатото знаење заради обликување на современ модел на фармацевт и обезбедување единство во фармацевтската пракса.*

Стручното усовршување и континуираната едукација се темелат на повеќе начела:*

  • достапност на облиците за стручно усовршување на сите фармацевти,*
  • еднаква примена на стекнатите знаења и вештини во процесот на стручно усовршување од страна на фармацевтите при вршењето на фармацевтската дејност во пракса,*
  • научна основаност и современост на стручно усовршување и информираност за новите светски достигнувања во областа на фармацевтските и здравствените науки,*
  • оспособеност на фармацевтите спрема светските стандарди,*
  • слободен избор во процесот на стручно усовршување, односно право и можност на избор на содржината и формата на стручното усовршување.*

Облиците на стручно усовршување се форми преку кои фармацевтите постојано го унапредуваат своето знаење и тоа: конгреси, состаноци на стручни здруженија, семинари симпозиуми, стручни предавања на јавни трибини, стручни работилници, курсеви студиски престои научни и стручни звања, објавување на научни и стручни трудови.* Облиците на стручно усовршување и правилата за нивно бодување зависат од тоа каде се одржуваат – во земјата или во странство, какво е учеството во обликот на стручното усовршување – активно или пасивно, видот и содржината – дали подлежат на акредитација од страна на Комората или не.*

Стручното усовршување го организираат и спроведуваат наставни и научни институции, стручни здруженија, државни органи, правни лица во областа на производството и прометот со лекови.*

Правилник за облиците на континуирано стручно усовршување, критериумите за распоредување на облиците, критериумите за избор на спроведувачите на облиците на континуирано стручно усовршување и бодовите за обновување на лиценцата за работа на здравствените работници со високо образование од областа на фармацијата, Сл.** Весник на РСМ бр.** 221/2020

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row]