Информација од состанок со ФЗОРСМ

Претседателката на комората денес, 2.9.2022 година оствари средба со претставници од ФЗОРСМ во врска со „нереализираните“ рецепти од Мој Термин и Известувањето од ФЗОРСМ од 1.9.2022 година, на која е договорено следното:

– Сите пзу – аптеки кои имаат „нереализирани“ рецепти од Мој термин првенствено за месец АПРИЛ – 2022 година да достават до ФЗОРСМ на емаил адресата farmacija@fzo.org.mk во ексел табела податоци за аптеката и единствениот електронски број на нереализираниот рецепт. Податоците за месец април да се достават до ФЗОРСМ најдоцна до понеделник – 5.9.2022 година.

Аптеките односно програмерите на аптеките препорачуваме да ја користат терк табелата задолжително со цел полесно да се сумираат податоците за ваквите ставки, по месеци, почнувајќи за месец 4 2022 и понатаму.

Доколку аптеките Рачно внесуваат податоци во теркот на табелата, во тој случај може да ги внесуваат само ИД броевите на рецептите и датумот на негова реализација во аптеката.

Доколку има дополнителни информации и прашања аптеките можат да се обраќаат до Фондот на емаил адресата farmacija@fzo.org.mk.

Истите податоци за следните месеци ( мај, јуни, јули) да се достават до 9.9.2022 ( петок).

– Во врска со Известувањето на ФЗОРСМ од 1.9.2022 година се преземаат соодветни активности од двете институции.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување