Информација за полагање на стручен испит

Фармацевтската комора ги известува магистрите по фармација кои испонуват услов за полагање на стручен испит во декемвриска испитна сесија истиот да го пријават најдоцна до 15.11.2020 год. Пријавувањето треба да го направат со пополнување на пријава за испит и во прилог да ги достават сите потребни документи во еден фајл. Документите се испраќаат на емаил на info@fk.mk

Исто така потребно е да се пријават и електронски преку порталат на следниов начин:

  • Во portal.fk.mk  се логирате со Вашиот маил и пасворд,
  • Во прозорчето „ поднесување на барања“, потоа во „ пријава за полагање на стручен испит“ , кога ке отворите „ пријава за полагање стручен испит“ кликнувате на линкот „ аплицирај“,
  • Кога ке кликнете на „ аплицирај“ ќе се отвори прозорче „ дали сте сигурни дека сакате да се пријавите за полагање“,
  • Со клкинување на „ ок“ Вашата пријава е реализирана директно во софтверот за полагање на стручен испит.
  • Дали успешно сте аплицирале проверувате на прозорчето „ аплицирал “ ( од „ не“ треба да се трансформира во  „ да “ ) .

Пријавувањето на испитот трба да биде со пополнување на пријавата во прилог,  која треба да биде испратена во PDF формат, доказ за направена уплата и доказ за завршена пробна работа (скениртана книшка), а за деловите од пробната работа за кои заради корона кризата не е обезбеден потпис потребна е изјава од едукаторот за успешно завршен соодветен дел од пробната работа и стекнување со право на потпис.

Целата документација да се прикачи во еден маил и да се испрати на info@fk.mk.

Подолу можат да се најдат прописи кои треба да се прочитаат за полагање на испитот:

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување