Избори 2020 – 2024

Почитувани членови на Комората,

Претседателот на Собранието на Фармацевтската комора на Македонија на ден 24.4.2020 година донесе одлука со која се одложува распишувањето и спроведувањето на изборите за членови на Собранието, Извршниот одбор, Надзорниот одбор, Судот на честа, Обвинител, Претседател на Собранието и Претседател на Фармацевтската комора на Македонија.

Мандатот на постојните органи на Комората ќе трае до верификувањето на мандатот на новоизбраните членови согласно член 43 став 2 од Статутот на Фармацевтската Комора на Македонија (Сл. Весник на РМ бр. 65/2012 и 79/2016).

Одлуката е  донесена согласно одлуките за утврдување на постоење на вонредна состојба на територијата на Република Северна Македонија за период од 30 дена заради заштита и справување со последиците од ширењето на Корона вирусот COVID – 19, донесени од Претседателот на Република Северна Македонија објавени во Службен Весник на РСМ бр. 68 од 18.3.2020 и бр. 104 од 17.4.2020 година, одлуките на Владата на РСМ за мерки за спречување на внесување и ширење на корона вирусот, одлуките на Владата на РСМ за забрана и посебен режим на движење на територијата на РСМ и одлуките на Главниот координативен штаб за спречување, внесување и ширење на корона вирусот COVID – 19.

Изборните активности ќе се спроведат по создавањето на соодветни услови за тоа согласно укинувањето, изменувањето односно дополнувањето на одлуките на надлежните државни органи.

Фармацевтска комора на Македонија

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување