До сите ПЗУ aптеки во мрежата на здравствени установи во Република Северна Македонија

Почитувани носители на лиценца,

Во врска со дописот на Министерството за здравство со број 14-1126/1 од 17.08.2022 година со кој бевте потсетени на должноста за плаќање на месечен надомест за лиценца за вршење на здравствена дејност-аптека на ниво на примарна здравствена заштита во мрежата на здравствени установи согласно со договорот за лиценца што го имате склучено со Министерството за здравство, а имајќи го во вид дописот на Фармацевтската комора на Република Северна Македонија  од 27.09.2022 година со кој се бара продолжување на рокот за исполнување на обврската за плаќање на месечниот надоместок за лиценца до 31.12.2022 година, Министерството за здравство Ве известува дека планираните контроли на извршените уплати кај секој носител на лиценца, за секоја аптека/аптекарска станица/подвижна аптека во мрежата на здравствени установи ќе ги спроведува после 01.01.2023 година и во случај на повреда на обврските од страна на носителот на лиценца, а кои се утврдени со договорот, Министерството за здравство согласно Договорот за лиценца еднострано ќе може да го раскине постоечкиот Договор за лиценца за вршење на здравствена дејност во мрежата на здравствени установи.

МИНИСТЕР,
Dr. Bekim SALI

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување