Средба со министерот за здравство д-р Фатмир Меџити – 21.3.2023 година

На средбата присуствуваа претставници од Лекарската, Стоматолошката и Фармацевтската комора, директорката на Фондот за здравствено осигурување, „Мој Термин“ и Здружението на матични лекари.

Начелно се разгледаа досегашните активности во врска со измените на Законот за здравствена заштита кој е во фаза на подготовка.

Новите решенија во Законот за здравствена заштита треба позитивно да одговорат и да ги решат актуелните проблеми со кои се соочува здравствениот систем во целина.
Образложение за проблемите со кои се соочуваат во пракса дадоа претставниците на трите комори од областа на здравството.

Министерот за здравство, д-р Меџити истакна дека со заедничка соработка потребно е да се креираат нови здравствени политики и да се отстранат бирократските процедури што го оптоваруваат здравството.

Измените на Законот за здравствената заштита ќе бидат доставени до коморите од областа на здравството на разгледување

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување