Препораки за заштита од Корона вирус

Земајќи ја во предвид состојбата на прогласена пандемија на заболени со новиот Корона вирус COVID -19 и препораките на Министерството за здравство, Владата на РСМ и Светската здравствена организација во фактичка ситуација кога аптеките се најдостапните здравствени установи и единствени кои директно ги снабдуваат граѓаните со потребните лекови и средства за заштита им упатуваме апел на граѓаните во името на фармацевтите, вработни во овие установи, за дисциплинирано однесување и почитување на сите препораки. Ги советуваме граѓаните да одат во аптека исклучиво кога е тоа строго неопходно, да не се создаваат непотребни гужви, да се одржува растојание кога се чека во ред, да се биде стрплив, да се почитуваат советите кои ги даваат фармацевтите, да внимаваат на хигиената кога влегуваат и излегуваат од аптеките, да не се допираат носот, очите и устата пред да се измијат и дезинфицираат рацете. Да не се создава паника, сите пациенти ќе бидат соодветно услужени. Доколку почувствувате некои од симптомите, ве молиме следете ги упатствата на Министерството за здравство. Движењето нека биде ограничено и строго по потреба.

Им препорачуваме на сите сопственици на аптеки да преземат мерки за заштита на вработените во аптеките.

Ги поддржуваме фармацевтите во нивните заложби за хумано, етичко и професионално однесување во овие вонредни моменти.

Фармацевтска комора на Македонија

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување