Светски ден на фармацевтите -25 септември

ДОВЕРЕТЕ НИ ГО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Бројни истражувања , веќе  години наназад,  во континуитет ги сместуваат   фармацевтите меѓу петте најдоверливи здравствени работници

Под мотото „Доверете ни го вашето здравје“, на 25 септември се одбележува Светскиот ден на фармацевтите. Годинашното мото е избрано токму поради фактот што во оваа ера на пандемија, токму довербата што пациентите ја имаат кон здравствените работници, меѓу кои и фармацевтите како едни од најдостапните, е таа што ни помага полесно да се соочиме со КОВИД -19 вирусот .

Довербата е клучен  сегмент  од човечките односи и основен елемент од социјалниот капитал. Довербата е, исто така, од суштинско значење  во процесот на  здравствената грижа. Постои  значајна корелација помеѓу довербата во здравствените работници и резултатите од  лекувањето на пациентите. Анкетите покажале дека во различни клинички оддели,  со поголемата  доверба во здравствените работници, пациентите изразиле  поголемо задоволство од лекувањето и  покажале  многу поповолни здравствени резултати, а пројавиле и помалку  симптоми  и поголем напредок во квалитетот на животот.

Бројни истражувања , веќе  години наназад,  во континуитет ги сместуваат   фармацевтите меѓу петте најдоверливи здравствени работници. Исто така,  и едукаторите се постојано во првите пет, и, според најновите истражувања, научниците се едни од најдоверливите луѓе во светот. Фармацевти, едукатори и научници. Тоа е нашата фармацевтска професија.

Има  три клучни елементи потребни за доверба: позитивни односи, компетентност/вештина и доследност.

Позитивни односи  Нашиот искрен интерес кон пациентите и издвоеното време да ги сослушаме нивните потреби, како и нашите дополнителни напори за време на КОВИД-19 пандемијата, ни помогнаа да воспоставиме значителни конекции и да продожиме со градење  позитивни односи.

Компетентност/вештина Ние  завршуваме магистерски студии проследени со шестмесечна пракса/стажирање. Откако завршува лиценцирањето, нам ни претстои доживотно надоградување на нашето знаење или, пак, дополнителна обука се со цел да станеме повеќе специјаизирани.

Доследност  Како најпристапни здравствени работници, во многу делови од светот,  со најдолго работно време  во споредба со која било  друга здравствене професија , ние  фармацевтите  овозможуваме доследно демонстрирање на нашата грижа и вештина.

Многу односи помеѓу пациентите и фармацевтите се  втемелени како резултат на доверба што е стекната во подолг временски период. Јавноста верува во нашите совети. Тие ни веруваат , а ние фармацевтите се трудиме да ја оправдаме  нивната  доверба.

Свесни колку фармацевтите ја уживаат довербата кај населението, се повеќе и повеќе влади ни го доверуваат нам  управувањето со вакцините и бараат од нас да обезбедиме други проширени услуги, како на пример, тестирање. Здравствениот систем токму  нам ни ја довери задачата  да најдеме решение за недостигот  на лекови. И уште многу, многу задачи. И тоа, се како резултат на довербата што ја уживаме.

Довербата е резервоар на добра воља , а  фармацевтите изградиле голема „ резерва“ преку долготрајната грижа  за пациентите и одличната практика. Во моментот во светот е создадена клима на  огромна недоверба, како резултат на пандемијата и  циркулирањето на многубројни лажни информации околу  „КОВИД 19 “.Мерењето  на степенот на  доверба  покажува  дека недовербата  кон  општествените лидери е значително зголемена , но и недовербата  кон ресурсите за информации е на високо ниво.

Во време  кога владее  несигурност кон  вакцините, јавната доверба е од најголемо значење од кога било  досега. Ние  фармацевтите даваме совети поткрепени со  најновите  научни докази. Ние можеме  аргументирано да им се спротивставиме на анти-вакцерите и да ја зголемиме довербата кон вакцините  во  полза на нашата заедница.

Придружете ни се на 25 септември да ни ја покажете вашата благодарност за довербата во нашата професија и да ја покажеме нашата важност за напредок на здравството во секој дел од светот!

Светски ден на фармацевтите -25 септември – ДОВЕРЕТЕ НИ ГО ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување