Меѓународни Медис-ови награди за медицински достигнувања 2015.

Меѓународни Медисови  награди за медицински достигнувања 2015.

 

Дали сте стручно лице од полето на анестезиологија, фармација, кардиологија, неврологија, офталмологија, педијатрија, ревматологија или урологија? Дали во периодот од 1. септември 2014. до 31. август 2015. Вашата постер или усмена преземтација биле прифатени на некој од европските, односно светските стручни или научни собири ?

Доколку се пронајдовте во горенаведеното, Ве повикуваме да се пријавите на меѓународните Медис-ови награди за медицински достигнувања 2015. Предмет на конкурсот се веќе прифатени и претставени постери и усмени презентации дополнети со соодветни докази дефинирани во конкурсната документација. Конкурсот е веќе отворен, пријавите ги примаме до 07. октомври 2015.

Конкурсот важи за представници од осум држави во кои Медис работи (Австрија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Унгарија, Македонија, Словенија, Србија) и за избраните специјалности кои подетално се наведени во конкурсната документација. Стручното жири е составено од меѓународно признати лекари од различни специјалности, а ќе избере по еден добитник на награда од секоја специјалност. На добитниците ќе им припадне награда која се состои од два дела: бронзена скулптура која специјално за  Медисовите награди е изработена од познатиот словенечко- хрватски вајар Јаков Брдар и од финансиски поттик за понатамошна истражувачка работа во износ од бруто 2.500 €. Наградите ќе бидат врачени на свеченото доделување кон крајот на ноември.

Меѓународната фармацевтска компанија Медис, д.о.о., која се занимава со медицински маркетинг, минатата година, по повод  25. годишнината од успешното работење, за прв пат награди стручни лица од 7 држави во кои работи. Со оглед на бројот на пријавените трудови, наградите предизвикаа голем интерес помеѓу лекарите. Поради тоа, Медис одлучи да меѓународните  Медисови награди за медицински достигнувања, чија цел е поголема препознатливост и меѓусебно запознавање на  стрчните лица од овој дел на Европа, прераснат во традиционални, годишни.

Повеќе информации на  http://awards.medis.si или на e-mail awards@medis.si.

Остави коментар

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување