Под мотото „Фармацевтите го зајакнуваат здравствениот систем “, денеска се одбележува Светскиот ден на фармацевтите.

Делувајќи на своите работни места во здравствените установи и обезбедувајќи здравствени услуги за превенција од заболувања, обезбедување на медицински производи, лекување на болести и подобрување на здравјето, потоа развој на нови и ефикасни терапии и воведување на нови наставни програми и форми на едукација и континуирана едукација, фармацевтите го трансформираат третирањето на глобалното здравје при што обезбедуваат секој да има корист од примената на безбедни, ефикасни, ефективни, квалитетни и достапни лекови и здравствени технологии како и корист од дадените фармацевтски услуги.

Пораката на FIP за Светскиот ден на фармацевтите 2023 година е јасна: НЕКА АПТЕКИТЕ ПРАВАТ ПОВЕЌЕ!

Да ни е честит 25-ти септември – Денот на фармацевтите!

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување