Средба со Министерот за здравство на РСМ – 13.04.2023

На 13.4.2023 година претставници од Фармацевтската комора на РСМ остварија средба со Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити.

Презентирани се проблемите со кои веќе подолго време се соочуваат фармацевтите и за кои се бара итно решение а особено вратените и неисплатени рецепти при контролите од Мој термин и ФЗОРСМ. Исто така, се дискутираше и за покачувањето на цената на услугата за издавање лек на рецепт на товар на ФЗОРСМ за што Комората треба да изготви соодветни анализи и со конкретни предлози да го поткрепи барањето. Барањата ќе се разгледуваат и решаваат во соработка и одржување на заеднички средби со надлежни институции.

Министерот изрази заинтересираност и подготвеност за продолжување на веќе започнатите проекти со Министерството за здравство и за продлабочување на соработката со Комората.

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување