„Ние се грижиме за вас“ е слоганот со кој денес, 25 – ти септември го славиме Светскиот ден на фармацевтите

„Ние се грижиме за вас“ е слоганот со кој денес, 25 – ти септември го славиме Светскиот ден на фармацевтите.

Фармацевтите имаат важна улога во обезбедувањето на здравјето на целото население. Ако во минатото главна улога на фармацевтите беше обезбедувањето на лекови, денес тоа е грижа и обезбедување на фармацевтски услуги. При тоа фармацевтите развиваат посебни односи и емоционални врски со своите пациенти посебно заради виталната улога на фармацевтите во изборот на терапијата, нејзиното следење и залагање за подобрување на квалитетот на живеењето.

Фармацевтска комора на Македонија им го честита празникот на фармацевтите, им пожелува успешна и плодна работа поддржувајќи ги во заедничките напори за подобрување на нивната положба како здравствени работници од витално значење во обезбедувањето на здравјето за сите граѓани.

%d0%bc%d0%ba%d0%b4-1-1

Остави коментар

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување