Соопштение по повод катастрофалното невреме што ја зафати Македонија изминатиот викенд

По повод последиците од катастрофалното невреме што го зафати подрачјето на Скопје на 06.08.2016 година, Фармацевтска комора на Македонија изразува длабоко сочувство до семејствата на настраданите и жалење за изгубените животи и причинетата материјална штета.  Човечките животи се ненадоместливи, а материјалната штета предизвикува голема загуба не само за настраданото население туку за целата наша заедница.

Како асоцијација на здравствени работници – фармацевти чија основна задача е грижа за здравјето на населението, почитувајќи ги принципите на општествена одговорност, Фармацевтска комора на Македонија донираше парични средства за помош во погодените подрачја. Истовремено ги поддржува активностите на Црвениот Крст и другите институции вклучени во помошта и ги поттикнува своите членови во рамките на своите можности да се вклучат во активностите за помош на населението во погодените подрачја.

Ве известуваме дека парични средства за донација може да се уплатат на следнава жиро сметка:

Фондот на солидарност на Црвениот крст на Република Македонија

жиро сметка: 300000001327966

даночен број: 4030984271620

АД Комерцијална банка

Донациите на вода, храна, облека, пелени, бебешка храна, санитетски материјал, средства за хигиена и дезинфекција како и други потребни производи може да се достават на пунктовите на Црвениот Крст.

Остави коментар

Почни да пишуваш и притисни ентер за пребарување